x

СЕ ОГЛАСИ ДИРЕКТОРОТ ХРИСТОВ

НЕВИДЕН РЕЗИЛ: В.Д. амбасадор УДРИ по тренерите на Академија Вардар со метална шипка

Нема погрда глетка од агресивен родител кој незадоволен од тоа што детето не го играат како што што мисли дека треба, почнува да се расправа со насилнички методи. По инцидентот во Академијата Парк, се огласи директорот Ѓорѓи Христов, наш поранешен легендарен репрезентативен напаѓач, пишува Спорт1.

Синоќа едно лице се претставило како амбасадор на Катар, Јасим Бин Хамад Ал-Тани и со неговото обезбедување ги нападнало тренерите на „Академија Парк“ каде што тренирал неговиот син, по што Христов објасни што се случило.

-Човек што се претстави како в.д. амбасадор на Катар дојде со своето обезбедување и почна да бара некоја правда. Прво ме нападна мене, па потоа и тренерот Миле Крстев. За веднаш потоа да извади нешто налик на пендрек и да почне да мавта со него на сите страни. Се случи хаос, децата се извадија од памет, како сега да ги вратиме во колосек седумгодишни момчиња кои беа сведоци на тој настан. Дечиња кои се виновни што сакале да бидат новите Барди, Елмас, Ристовски видоа грозна глетка. Едвај ги смиривме синоќа, а сигурно ќе имаат последици од тоа. Замислете во тоа дивеење, да беше удрено некое детенце. Апелирам сторителите да бидат казнети најстрого иако според тоа што досега се случува не верувам во такво нешто. Ако имаме нормална држава ова одамна ќе беше разрешено, без јавувања и протекции од највисоките ешалони на власта, резигниран е Христов.

Христов смета дека доколку некој од нив направел такво нешто, тогаш ќе бил во затвор.

„Само едно знам, дека ако било кој од нас го стореше истото, сега ќе бевме зад решетки. Барам само сите да сме рамноправни“, додаде тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата