logo
logo
logo

Нестварна партија на Димитријевиќ во поразот на Хувентуд (ВИДЕО)

Vecer | 01.05.2021

Нестварна партија на Димитријевиќ во поразот на Хувентуд (ВИДЕО)

Уште една блескава партија на Ненад Димитријевиќ во дресот на Хувентуд. Тимот од Бадалона беше на прагот на поразот, но благодарение на нашиот најдобар кошаркар се врати, се избори за продолжение, но крајот беше совладан на гостински кај Уникаха со 102-93 во рамките на 35. коло во Лига Ендеса.

Македонскиот репрезентативец одигра феноменално во последната четвртина, постигна 17 поени. На почетокот на овој период се чинеше дека победата е далечна, Хувентуд имаше минус 16 поени (71-55). Димитријевиќ од 33. до 36 минута со десет поени во низа ја стопи двоцифрената негатива, намали на 77-68 и го врати својот тим во игра за победа. На три и пол минути до крајот, Уникаха имаше предност од шест поени 78-75. Нено не застана, со нови седум поени приреди целосен пресврт, Хувентуд поведе со 78-82.

Домашниот состав успеа да изедначи на 84-84, останаа седум секунди напад за тимот од Бадалона, Димитријевиќ не погоди за победа, дуелот беше решен по продолжение, во кое Уникаха успеа да дојде до триумф.

На крајот мечот го заврши со 27 поени (3/4 за три, 7/12 за два, 4/7 за еден поен) и осум асистенции за нецели 30. минути во игра.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk