logo
logo
logo

Несторовски не крие: Среќен сум во Удинезе, тренирам со 100% и ја чекам мојата шанса

Vecer | 25.02.2021

Несторовски не крие: Среќен сум во Удинезе, тренирам со 100% и ја чекам мојата шанса

По три години минати во Палермо, Илија Несторовски веќе втора сезона е во дресот на Удинезе. Во интервју за италијанскиот портал „Гол“, нашиот репрезентативец уште еднаш потврди дека нема никаква намера да си замине од „Фриули“.

„Многу ми е пријатно тука. Ова е моја втора година во Удинезе и ми се допаѓа тимот, клубот и организацијата. Среќен сум што сум во Удине“, вели на почетокот на интервјуто нашиот Несторгол.

Несторовски долго време не успева да фати место во првиот тим, а одигра 45 минути на последниот натпревар со Парма.

„Тоа беше добар чекор за во иднина. Јас секогаш тренирам 100% и ја чекам својата шанса. Влегов во второто полувреме и бев среќен затоа што дадов свој придонес за кам-бекот во мечот по оние 0:2 на полувреме. Сакам да играм се повеќе и повеќе, но тука не станува збор само за тоа што сакам, туку и за одлуките на менаџерот. Давам се од себе“.

Македонскиот напаѓач во интервјуто открива дека пред да потпише за Удинезе имал неколку понуди од арапските клубови.

„Да, имаше интерес од три или четири клуба и разговарав со некои луѓе, но сакав да останам во Италија затоа што бев навикнат на италијанскиот начин на живот. Доколку пристигнат нови понуди, ќе ги земам во предвид. Има одлични играчи кои се преселија во арапските земји, каде што се вложува многу во поглед на следното Светско првенство што ќе се игра во Катар. Никогаш не кажувај никогаш во фудбалот. Постојат неколку балкански играчи кои се преселија таму, има и еден поранешен мој соиграч во Палермо, кој сега се пресели во Дубаи. Имам толку многу пријатели таму“.

За успехот со нашата репрезентација и пласманот на ЕП, Несторовски вели:

„Многу сум среќен, испишавме историја со пласманот на Европското првенство. Ќе бидам среќен што ќе учествувам на ова натпреварување за првпат и горд сум што сум дел од тимот. Ставени сме во комплицирана група со Холандија, Австрија и Украина, но сакаме да направиме нешто посебно. Се надеваме дека тоа ќе биде огромна работа за нас. Пандев е лидер на Македонија и е легенда во нашата земја. Тој е горе, сите други доаѓаат по него. Тој е играч и прекрасна личност. За него фактите зборуваат: тој освои сè и ја донесе нашата репрезентација на Европскиот шампионат“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk