logo
logo
logo

Нема одмор, од „авион на тренинг“: „Металурзите“ во турбо ритам

Vecer | 19.02.2021

Нема одмор, од „авион на тренинг“: „Металурзите“ во турбо ритам

Металург синоќа се врати во Скопје. Тимот од Автокоманда поради недоразбирање со авио-компанијата со која патуваше до Плоцк, во Полска остана уште еден ден. Овој проблем целосно го поремети распоредот на стратегот Оливер Димитриоски.

Ракометарите немаат многу време за одмор, денеска ќе имаат два тренинзи, бидејќи утре ги чека нова европска битка. Во Скопје гостува Чеховски Медведи.

Но, тука не застанува турбо ритамот.  „Металурзите“ веќе во недела ќе се пакуваат за Виена, во вторник се гости на Фиверс, тимот против кого извлекоа реми на првата средба. По оваа средба ги чека Куп мечот против Радовиш, кој треба да се одигра на 24 или 25. овој месец.

Добра вест е што со тренинзи почна Марко Тарабокиа, но под знак прашалник е неговиот настап. Од повредените се чека потврда, но според најавите Шилегов, Лазаревски, Тодевски и Хорват нема да бидат во составот. Во текот на денешниот ден треба да биде позната и тежината на повредата на Велко Маркоски.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk