Капитенот на хрватската репрезентација, Лука Модриќ на дуелот против Кипар стана нов рекордер во својот национален тим по бројот на одиграни натпревари. Мечот од второто квалификациско коло за место на СП во Катар беше 135. за Модриќ во дресот на Хрватска.

Тамошната федерација му приреди изненадување, некогашните легенди на оваа репрезентација преку видео му честитаа на еден од најдобрите фудбалери на овој тим.

Пред три дена Модриќ на мечот со Словенија се изедначи со некогашниот капитен, Дарио Срна, а сега застана на првото место на оваа листа.

🥂 Prigodnim filmom s porukama sedmorice članova “kluba 💯”, tortom i poklonima, HNS i reprezentativci obilježili su…

Posted by Hrvatski nogometni savez on Saturday, March 27, 2021


sportmedia.mk