logo
logo
logo

Некогашен селектор на Македонија стана најплатениот тренер во светот надвор од НБА!

Vecer | 07.05.2021

Некогашен селектор на Македонија стана најплатениот тренер во светот надвор од НБА!

Драган Раца (60) е новиот тренер на кинескиот тим Вухан  Дангдаи. И ништо необично или важно за нас, ако се знае дека станува збор за српски тренер.

Но, сепак, Раца е некогашен селектор на македонската кошаркарска селекција, а уште повеќе, барем според пишувањето на порталот Н1, тој ќе биде најплатениот тренер во светот, надвор  од НБА.

Со ова се пофали неговиот менаџер Миња Илиќ, кој на својот Твитер профил посочи дека Раца потпишал тригодишен договор со кинескиот тим и дека ќе најплатениот тренер во светот, надвор од НБА. Сепак не ја спомена висина на договорот.

Инаку Раца, покрај тоа што во 2016 година беше назначен за селектор на Македонија, во својата долгогодишна кариера беше тренер на АЕЛ Лимасол, во повеќе клубови во Кина, а беше селектор и на репрезентациите на Либан и Кипар.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk