logo
logo
logo

Некогаш фудбалер на Реал (М), денеска нарко-дилер во ТВ-серија

Vecer | 10.03.2021

Некогаш фудбалер на Реал (М), денеска нарко-дилер во ТВ-серија

Да не беше неговата мајка, Ројстон Дренте можеше да заврши како неговиот татко, убиен пред бар во Ротердам, кога имаше само три години. Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, денес играч на шпанскиот третолигаш Расинг Мурсија, успеа да се пробие во фудбалот, иако имаше само епизодна улога.

Денеска, додека се уште се обидува да остане во форма во дресот на шпанскиот третолигаш, тргна и во нов предизвик. Имено, Дренте кој вели дека никогаш не го заборавил уличниот жаргон, доби улога на нарко-дилер во новата холандска серија „Мокро Мафија“, што е негово деби како актер.

Во детективската драма Дренте ја игра улогата на „лошото момче“ Френки Проф, кој по пет епизоди е убиен пред еден бар: сцена која вознемирувачки потсетува на смртта на неговиот татко.

„Јас навистина можев да бидам и самиот во оваа улога“, изјави 33-годишниот холандски екс-репрезентативец.

„Го знам уличниот жаргон бидејќи пораснав во Западен Ротердам и како дете честопати гледав наркомани како дилаат и купуваат во соседството. Можев да имам таков живот, никогаш не знаеш какви искушенија може да те снајдат, но мајка ми ме воспита добро. Што се однесува до татко ми, не знам детали во врска со неговото убиство, само знам дека тој одговорил како што не требало и дека тоа било фатално за него“, признава Дренте.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk