logo
logo
logo

Нејмар: Сум играл заедно со Меси и Мбапе, сакам и со Роналдо!

Vecer | 12.05.2021

Нејмар: Сум играл заедно со Меси и Мбапе, сакам и со Роналдо!

Нејмар, еден од најдобрите фудбалери во светот во моментов, ѕвездата на ПСЖ, по се изгледа дека навива ова лето Кристијано Роналдо да дојде во Париз.

Тој во интервју за еден француски магазин, покрај другото го кажа и следното…

Сакам да играм заедно со Роналдо. Досега сум играл заедно со супер играчи Меси и Мбапе, сакам и со Роналдо, кој е еден најспектакуларните играчи во светот“ потенцираше Бразилецот.

Факт е дека Роналдо е на излезна врата од Јуве, тој, но и клубот од Торино едноставно сакаат да ја прекинат соработката која не ги донесе очекуваните резултати, пред се во Лигата на Шампионите.

Наскоро ќе наполнам 30 години и мислам дека може да бидам задоволен од својата кариера. Сакам само со Бразил да станам светски првак, а со ПСЖ да освојам се што може да се освои. Како мал не бев фан на некој голем европски клуб. Фудбал гледав поради ѕвездите кои тогаш играа, како Зидан, Лапмард, Бекам, Руни. Тоа се типови на играчи кои ги почитував“ заврши Нејмар.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk