logo
logo
logo

Нејмар пристигна повреден на подготовките на Бразил

Vecer | 28.05.2026

Нејмар пристигна повреден на подготовките на Бразил

FOTO: Confederação Brasileira de Futebol/FB

Туку што започнаа подготовките на репрезентацијата на Бразил за претстојниот Мундијал, а вече нивниот кампус го тресе сериозен скандал.

Ветеранот Нејмар беше сврстен во составот на селекторот Карло Анчелоти, и покрај фактот што е далеку од најдобрите свои денови. Тој пак, откако пристигна со хеликоптер на подготовките, пројавил повреда на листот, за која што е потребен специфичен третман од времетраење од околу три недели.

Ова е сериозен шок за бразилската јавност која што не очекува вакви скандали на самиот старт на подготовките.

Се доведува во прашање и легитимноста на лекараскиот тим во Сантос, тимот на Нејмар кој очигледно криел за повредата.

На специјална прес-конференција, Родриго Ласмар, докторот на репрезентацијата на Бразил објави дека Нејмар страда од повреда на мускулот од втор степен на листот. Иако беше вклучен во составот за Светското првенство во 2026 година, овој проблем бара специфичен третман. „Играчот е на интензивна терапија“, рече лекарот на тимот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk