Винченцо Италијано досегашниот тренер на тимот на Болоња, и официјално си замина од клубот. Поточно, клубот официјално му се заблагодари за соработката по две години минати таму.
„ФК Болоња 1909 објавува дека е постигнат меѓусебен договор со Винченцо Италијано за раскинување на неговиот договор. Италијано го информира клубот дека смета дека неговото време во Болоња е завршено по две сезони обележани со одлични резултати. Клубот сака да му се заблагодари на Винченцо за страста и посветеноста со која ја извршуваше својата работа во текот на овие години, кои ќе останат дел од историјата на клубот, а не само за триумфот во Купот на Италија на 14 мај 2025 година. ФК Болоња 1909 им посакува на Италијано и на неговиот тим се најдобро во следната глава од нивните кариери“, напиша клубот.
Италијано со успех го водеше тимот, кој што не ретко е во долниот дел од табелата, а сега откако и официјално не е повеќе во Болоња, можно е да се остварат најавите дека тој е новиот тренер на тимот на Наполи. Таму пак веќе бараат замена за Антонио Конте, а Италијано според многумина е дефинитивниот негов наследник.
Bologna FC 1909 announces that a mutual agreement has been reached with Vincenzo Italiano to terminate his contract.
Read the full statement here ➡️ https://t.co/1IXFoDV9s9 pic.twitter.com/bnTmCydcAz
— Bologna FC 1909 (@BolognaFC1909en) May 28, 2026