logo
logo
logo

Навивачите во Англија на пробен „тест“, се враќаат на трибините на 25. април

Vecer | 25.03.2021

Навивачите во Англија на пробен „тест“, се враќаат на трибините на 25. април

Фудбалската асоцијација на Англија се договори со британската влада да има публика на трибините за финалето во рамките на Карабао Купот на „Вембли“.

На дуелот меѓу Манчестер Сити и Тотенхем ќе има од 4.000 до 8.000 гледачи, голем дел од нив ќе бидат локални граѓани и претставници на здравствените установи.

Правилата за доаѓање не се утврдени, најверојатно ќе се бара доказ за примена вакцина или негативен ПЦР тест.

Овој дуел се игра на 25. април и ќе послужи како проба за процесот на враќање на публиката кој се планира да се спроведе веќе во мај.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk