logo
logo
logo

Навивачите на ПСВ го чекаа Тадиќ пред стадионот и се обидоа да го нападнат (ВИДЕО)

Vecer | 01.03.2021

Навивачите на ПСВ го чекаа Тадиќ пред стадионот и се обидоа да го нападнат (ВИДЕО)

Српскиот репрезентативец Душан Тадиќ, кој го постигна голот од пенал за Ајакс и извлече реми на големото дерби со ПСВ во Ајндховен (1:1), најпрво беше нападнат од играчите на домашниот тим, откако го испровоцираа, навредуваа и го пцуеја пред изведувањето на пеналот, а откако постигна гол, Тадиќ влезе во конфликт и со другите играчи на домашниот тим.

Малку недостигаше да се случи инцидент во финишот на мечот, но очигледно по сите овие настани, инцидентите не престанаа, па нов се случи пред стадионот на ПСВ.

Кога Србинот го напушташе стадионот, навивачите на ПСВ го сочекаа и се обидоа да ја прескокнат оградата за да се пресметаат со него. Откако не успеаја во намерите, го погодија со паричка во глава. Обезбедувањето реагираше и брзо го одвело Тадиќ до клупскиот автобус.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk