logo
logo
logo

Навивачите на Интер до Лукаку: Беше крал, сега се враќаш како обичен играч

Vecer | 23.06.2022

Навивачите на Интер до Лукаку: Беше крал, сега се враќаш како обичен играч

Навивачката група на Интер „Курва норд“ му испрати порака на Ромелу Лукаку по потврдата дека белгискиот фудбалер се враќа во Милано. Ултрасите не го заборавија начинот на кој Лукаку го напушти Интер кога ги употреби сите расположиви средства само за да издејствува трансфер во Челзи пред една година.
Тоа Ултрасите го памтат и му испратија порака на Белгиецот:
Ние ќе го поддржуваме играчот и нема да го навредуваме, и покрај неговото однесување минатото лето. Но, нема ниту да пееме ниту да вееме шалови во негово име. Нема да трчаме и да се лигавиме за негов дрес или потпис. Што и да се случи во иднина, Лукаку мора да ја заработи нашата почит со работа и пот. Го славевме како крал, а сега се враќа како еден обичен член на екипата“, стои во соопштението на навивачката група кое беше објавено на повеќе социјални медиуми.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk