logo
logo
logo

Навивачите на Атлетик со порака за Нико: Без разлика дали ќе заминеш или ќе останеш, ти ја изгуби нашата почит

Vecer | 22.06.2025

Навивачите на Атлетик со порака за Нико: Без разлика дали ќе заминеш или ќе останеш, ти ја изгуби нашата почит

Навивачите на Атлетик Билбао го изразија своето незадоволство со можното заминување на Нико Вилијамс во Барселона и го избришаа неговиот мурал во центарот на градот. На муралот кој беше посветен на победата на Атлетик Билбао во Купот на Шпанија денес беше избришана сликата на Нико Вилијамс и беше оставена порака во врска со неговото заминување.

На местото на сликата на Нико пишуваше: „Без разлика дали ќе си заминеш или ќе останеш, ти ја изгуби нашата почит“. На социјалните мрежи веднаш реагираше братот на Нико, Ињаки Вилијамс кој исто така ги брани боите на баскискиот клуб и порача: „Позади анонимниот гест на непочит, секогаш стои човек кој е многу мал за да го покаже своето лице“. Од управата на Атлетик Билбао изјавија дека веднаш ќе реагираат и ќе го обноват муралот со сликата на младиот фудбалер.

Веќе неколку месеци Нико Вилијамс е главна мета на Барселона и изгледа дека 22-годишниот фудбалер ќе ја продолжи својата кариера во Каталонија.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk