logo
logo
logo

Наследникот на Мурињо во Тотенхем, сепак, доаѓа од Шпанија?

Vecer | 22.04.2021

Наследникот на Мурињо во Тотенхем, сепак, доаѓа од Шпанија?

Раководството на Тотенхем се уште бара замена за Жозе Мурињо, кој беше отпуштен пред неколку дена. Рајан Мејсон е само привремено назначен на неговата функција иако синоќа почна со победа предводејќи го клубот во мечот со Саутемптон во Премиер лигата.

Според англиските медиуми, голем број имиња кружат околу лондонскиот клуб, но според последните шпекулации фаворит за жешкото столче во лондонскиот клуб е тренерот на шпански Атлетик Билбао – Марселињо.

Претседателот на „Спарс“, Даниел Леви, наводно веќе имал разговор со стратегот на Баскијците. Во договорот кој Марселињо го има со Атлетик има клаузула според која тој може да ја напушти функцијата пред крајот на договорот за одредена отштета, што не би претставувала проблем за Тотенхем.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk