logo
logo
logo

Наполи ќе ги крати платите, но Елмас нема потреба да се грижи

Vecer | 26.01.2023

Наполи ќе ги крати платите, но Елмас нема потреба да се грижи

Сопственикот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, донел одлука според која максималната плата што еден фудбалер може да ја заработи во текот на една година во дресот на наполитанците е 4 милиони евра. Тоа во иднина ќе биде плафонот на расходите за плати за целиот тим и истиот не смее да надмине 80 милиони годишно.

Според „Газета дело Спорт“ сите фудбалери кои во моментов добиваат 4 или над 4 милиони евра (нето) годишно, ќе мора да ги ревидираат договорите со намалување на платата или да си заминат.

Нашиот „дијамант“ Ељиф Елмас не би требало да биде погоден од оваа рестриктивна политика на Де Лаурентис, затоа што според информациите неговата планата на годишно ниво е нешто над 2 милиони евра. Сепак, некои од стартерите како Полјакот Жиелински ќе мора да прифатат намалување на приходите или на лето да си заминат.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk