logo
logo
logo

Најавите се остварија: Хамшик потпиша за Гетеборг

Vecer | 08.03.2021

Најавите се остварија: Хамшик потпиша за Гетеборг

Некогашниот фудбалер на Наполи и словачки репрезентативец Марек Хамшик го одбра Гетеборг како негов иден клуб. Денеска 33-годишниот фудбалер од средниот ред стави потпис на договор со 18-кратниот шведски шампион до 30 август 2021 година.

„Марек е мотивиран и спремен за игра. Ние сме задоволни од тоа како течеа и како завршија преговорите. Тој ги разбира целите на Гетеборг. Тој поседува харизма, професионалност и вештини кои се уникатни и кој ќе ни бидат од голема помош“, изјави спортскиот директор Понтас Фарнеруд.

Марек доаѓа од кинескиот клуб Далиан каде што замина од Наполи во 2019 година. За италијанскиот клуб реализираше 100 гола и 79 асистенции во 409 натпревари во Серија А.

Foto> ifkgoteborg


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk