logo
logo
logo

Најави заминување на лето, а сега може да добие отказ ако загуби од својот иден тим!

Vecer | 22.02.2021

Најави заминување на лето, а сега може да добие отказ ако загуби од својот иден тим!

Интересна ситуација се случува во Германија. Марко Розе пред неколку дена објави дека ќе си замине од Борусија Менхенгладбах, на лето, а сега му се заканува отказ. Розе ќе биде идниот тренер на Борусија Дортмунд, тим кој што може да го избрка Розе предвреме од тимот на Менхенгладбах.

Имено, во германскиот Куп играат двете Борусии, а наводно се шпекулира дека Менхенгладбах поставил улиматум до Розе, дека мора да го мине тимот на Дортмунд, идната дестинација Розе.

Ако тоа не го стори, тогаш Розе ќе биде веќе „екс“, само останува да се види дали Борусија ќе го назначи веднаш, или ќе чека до крајот на сезоната.

Борусија Менхенгладбах во последно време игра слабо, тимот е далеку од позициите кои носат во ЛШ, и затоа можно е Розе да биде поранешен.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk