logo
logo
logo

Нагелсман го избрка Анхелињо од тимот за мечот на сезоната

Vecer | 12.05.2021

Нагелсман го избрка Анхелињо од тимот за мечот на сезоната

Тренерот на Лајпциг во заминување, Јулијан Нагелсман реши да ја казни левиот бек Анхелињо со тоа што го тргна од составот за финалето на Купот на Германија против Борусија Дортмунд.

„Не мора да влегуваме во детали сега“, рече Нагелсман пред утрешното финале на Купот во Берлин, но германски „Билд“ вели дека новиот тренер на Баерн бил разочаран од реакцијата на Анхелињо на тренингот по неодамнешниот пораз од Борусија Дортмунд во лигата.

Анхелињо одигра очајна партија, па Нагелсман очекуваше дефанзивецот да запне на тренинг, но немаше никаква реакција и затоа реши да го отстрани од списокот.

Ова не е прв „спор“ меѓу играчот и тренерот. Претходно, Шпанецот се пожали дека не игра иако не е повреден, а Нагелсман го тврдеше спротивното.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk