logo
logo
logo

„Надежите“ работат и се подготвуваат за Словенија

Vecer | 28.05.2021

„Надежите“ работат и се подготвуваат за Словенија

Македомската репрезентација до 21. година веќе неколку дена ги одработува планираните активности. Во тек се подготовките кои имаат два дела што се вели. Најрво утре со почеток од 17:00 часот на стадионот во Ѓорче Петров, ќе биде одигран меѓусебен меч на кој селекторот Благоја Милевски ќе го провери репрезентативниот капацитет во моментов на околу триесетина фудбалери и ќе знае што и како понатаму со секој од нив.

Од друга страна пак, оние кои ќе го „минат тестот“ , 24 од нив, заминуваат на пријателски меч потоа во Словенија.

„Не очекува тежок натпревар против силен противник. Очекуваме да одиграме добар меч, идеме во Словенија по победа. Подготовките се во тек, во одлично расположение го очекувамет овој дуел. Атмосферата во екипата е на едно високо ниво, ги слушаме советите од нашиот селектор. Очекувам од мене и моите соиграчи да дадеме максимум на тренинзите и натпреварот со Словенија, и добро да се подготвиме за предизвиците што не очекуваат во иднина”, вели Филип Антовски.

Агон Елези, фудбалерот на Вараждин и член на младата репрезентација на Македонија очекува победа над Словенија.

„Веруваме во нашите квалитети, имаме одлична комуникација со нашиот селектор, подготовките течат во најдобар ред. Словенија е одлична репрезентација, но нашата цел е да одиграме добар натпревар и да оствариме победа. Ги слушаме советите на нашиот селектор, функционираме како една целина и се надевам дека тоа ќе го покажеме и на мечо со Словенија.”, вели Агон Елези.

 

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk