logo
logo
logo

Надал е во финалето на Мастерсот во Рим, го чека подобриот од Ѓоковиќ-Сонего

Vecer | 15.05.2021

Надал е во финалето на Мастерсот во Рим, го чека подобриот од Ѓоковиќ-Сонего

Шпанската тениска ѕвезда Рафаел Надал е пласираше во финалето на Мастерсот 1000 во Рим откако денеска го елиминира американскиот тенисер Рајли Опелка со 6-4 и 6-3 во сетови. Со тоа Надал по 12-ти пат се најде во финалето на турнирот во Рим, а таму ќе го чека подобриот од дуелот помеѓу Новак Ѓоковиќ и италијанскиот тенисер Лоренцо Сонего кој е закажан за 18:30 часот.

Уште еден куриозитет Надал против Опелка го одигра 500. натпревар на земја во кариерата. Ефектот му е 458 победи и 42 порази.

Во женскиот дел познати се финалистите. Мечот за пехарот ќе се игра утре, а ќе се сретнат Ига Свјонтек и Каролина Плишкова. Досега овие ривалки само еднаш играле со победа на Свјонтек со 2:1 во сетови на турнирот во Чешка минатата година.

FOTO> Twitter/Atp Tour


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk