Натпреварот од 5-тото коло во Лигата на Нациите помеѓу Холандија и Унгарија е прекинат поради онесвестување на член на стручниот штаб на Унгарија.
Фудбалерите на двете репрезентации формираа „жив ѕид“ околу онесвестениот со цел лекарската екипа да може да му ја пружи потребната помош. Неколку фудбалери меѓу кои и капитенот на Унгарија, Доминик Собослај беа шокирани од глетката и дури заплакаа.
Натпреварот ќе биде продолжен откако на онесвестениот ќе му биде пружена потребната помош.
Jogo paralisado entre Netherlands e Hungary. Alguém da comissão técnica está recebendo primeiros socorros. pic.twitter.com/t8rL9ui5q4
— Romena Fogliati (@RomenaFogliati) November 16, 2024