logo
logo
logo

На истиот стадион, на ист начин, но после 33 години: Херојот на Шпанија го прослави голот како неговиот татко (ВИДЕО)

Vecer | 06.07.2024

На истиот стадион, на ист начин, но после 33 години: Херојот на Шпанија го прослави голот како неговиот татко (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Шпанија се пласираше во полуфиналето на Европското првенство откако во четвртфиналето во Штутгарт го совлада домаќинот Германија со 2:1 по продолженијата. Шпанците поведоа со голот на Дани Олмо во 51. минута, Флоријан Вирц израмни на 1:1 во 89. минута, а Микел Мерино на асистенција на Олмо со гол во 119. минута ја однесе Шпанија во полуфиналето. Тој го прослави својот гол кружејќи околу знамето од аголот, што беше почит за неговиот татко.

Таткото на Микел, Анхел Мерино, беше фудбалер кој поголемиот дел од својата кариера го помина играјќи како играч од средниот ред за Осасуна. На истиот стадион каде Микел Мерино стана херој на Шпанија, Анхел Мерино постигна гол во 1991 година во второто коло од Купот на УЕФА.

По ремито 0:0 во Памплона, Осасуна гостуваше во Штутгарт во ноември 1991 година и ги победи домаќините со 3:2 и се пласираше во 3. коло. Вториот гол на натпреварот го постигна Англ Мерино во 17. минута, за да ја зголеми предноста на Осасуна на 2:0 и ја прослави со заокружување на знамето во аголот од теренот.

“Искрено, исцрпен сум. Сега само адреналинот ме одржува. Да се ​​постигне толку важен гол е единствен момент, но зад него има многу работа, особено од моите соиграчи кои работеа многу напорно. Примање гол на самиот крај во второто полувреме ни беше удар, но мислам дека заслуживме да го поминеме ова можеше да биде финале и на Европското и на Сетското првенство и покажавме каква голема екипа сме“, изјави Мерино по натпреварот и додаде:

„Има нешто на овој стадион. Татко ми даде гол овде и јас дебитирав за Шпанија“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk