logo
logo
logo

На четири клубови од Премиер лигата им се заканува одземање бодови

Vecer | 30.12.2024

На четири клубови од Премиер лигата им се заканува одземање бодови

На крајот на секоја календарска година секој клуб од Премиер лигата мора да достави финансиски извештај за своето работење. Секако, за да не се соочи со санкции, клубот мора да биде во плус што се вели односно да нема загуби во работењето.

Поточно, дали ги исполниле правилата на профит и одржливост во Премиер лигата.

Челзи и Нотингем Форест, како и Евертон и Лестер кои се загрозени со испаѓање, се изложени на потенцијален ризик да им бидат одземени бодови доколку се утврди дека забележале загуби поголеми од максимално дозволените 105 милиони фунти во лигата.

Сите дваесет клуба добија рок до утре, 31. декември да ги предадат своите сметки за периодот 2023-2024 година и откако ќе бидат примени сите, сметководителите на лигата ќе почнат со работа.

Откако минатата сезона на Евертон и Форест им беа одземени бодовите, овие два клуба сега се во исчекување дали истото ќе им се случи и годинава. 

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk