logo
logo
logo

МЗТ Скопје триумфално и низ Битола за продолжување на перфекцијата!

Vecer | 22.05.2022

МЗТ Скопје триумфално и низ Битола за продолжување на перфекцијата!

МЗТ Скопје како завршува сезоната, така влегува во неверојатна форма. Момците на Александар Петровиќ во последниот меч од Супер-лигата го совладаа Пелистер на гостински терен со 79-88.

Војдан Стојановски со 16 поени беше лидер, зад него беше 14 поени имаше Мекиќ, по 12 Рикиќ и Ајви. Малешевиќ и Крстајиќ постигнаа по 17 поени на другата страна.

Иако мечот беше без резултатско значење сепак тимот од Аеродром беше максимално мотивиран, ја запиша деветата победа во низа. За противник во плеј-офот го има составот на ТФТ, стариот должник, кој му ја зеде Куп-титулата.

Гостите од Скопје првата четвртина ја добија со 19-21, додека на одморот заминаа со плус осум (40-48). Со четирите поени на Рикиќ и два на Милошевиќ, МЗТ Скопје во третата четвртина поведе со двоцифрени 40-54. На истекот на овој период водството беше 56-68.

Битолчани имаа неуспешни обиди да се вратат на овој меч, на кој имаа голема поддршка од трибините. Тие во полуфиналето ќе играат против Еуро Никел, па таму ќе ја бараат шансата да влезат во финалето.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk