logo
logo
logo

Мурињо вети дека цел свет ќе ја види кражбата на Фенер – објави видео на „инстаграм“

Vecer | 04.11.2024

Мурињо вети дека цел свет ќе ја види кражбата на Фенер – објави видео на „инстаграм“

Жозе Мурињо победи со Фенербахче на тешкото гостување кај Трабзонспор со 3-2, но воопшто не е задоволен од она што се случи на теренот. Во тимот на португалскиот стручњак се убедени дека се борат против судиската неправда. Мурињо зборуваше за тоа по натпреварот.

„Турската лига не ја гледаат многу луѓе надвор од земјата. Ќе објавам се на Инстаграм за да видат милион луѓет“, изјави Мурињо по натпреварот.

На крајот тој објави видео од спорната ситуација од 82. минута кога играч на домашната екипа играше со рака и спречи удар со глава.

„Гледајте и смејте се. Ако сакате, гледајте ја играта бидејќи смешните ситуации не престануваат со овој клип“, е пораката на Специјалниот.

Неговата објава собра огромен број „лајкови“. Жозе не сака повеќе да молчи бидејќи му е доста од се и сака пред се фер да се бори со Галатасарај за шампионската титула.

„Играме против добри ривали, но и против системот. Вие Турците мора јасно и гласно да зборувате за тоа. Ова го кажувам во името на сите навивачи на Фенербахче“, изјави Жозе Мурињо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jose Mourinho (@josemourinho)


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk