logo
logo
logo

Мурињо со уникатен подарок за Стефан: „Ти благодарам за овој незаборавен момент“ (ФОТО)

Vecer | 19.03.2021

Мурињо со уникатен подарок за Стефан: „Ти благодарам за овој незаборавен момент“ (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски синоќа заедно со Аријан Адеми и нивните соиграчи од Динамо (З) направија историја со пласманот во четвртфиналето на Лигата на Европа. По мечот, за големиот успех дојде и лично им честиташе менаџерот на англискиот тим, Жозе Мурињо.

Ристовски ја искористил оваа ситуација за да оствари средба со Жозе Мурињо кој му подарил опрема од Тотенхем со автограм и специјална порака.

Стефан денеска со подарокот се огласи на социјалните мрежи со посебна порака до Мурињо:

„Потврдено, фудбалскиот свет научи многу од тебе, а имав и лична можност да те запознаам и да почувствувам колку си голем. Ти благодарам за овој незаборавен момент“, напиша Ристовски.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk