logo
logo
logo

Мурињо: Секоја чест за Меси и Роналдо, ама за мене некој друг е најдобар играч кој сум го видел!

Vecer | 04.03.2025

Мурињо: Секоја чест за Меси и Роналдо, ама за мене некој друг е најдобар играч кој сум го видел!

Секако дека и натаму трае дебатата во светскиот фудбал за тоа кој е подобар Лео Меси или Кристијано Роналдо, секако и за тоа дали некој од нив е најдобар играч на сите времиња.

Секако дека Жозе Мурињо и тоа како е меродавен да се вклучи во оваа дебата, да си го каже своето мислење за тоа кој е нај, нај…

Секоја чест за Меси и Роналдо, ама за мене Феномено Роналдо е најдобар играч кој сум го видел. Ако говориме строго за талентот и фудбалските вештини, тогаш според мене Бразилецот е најдобар. Многу добро се сеќавам кога Феномено Роналдо играше за Барса и јас во таа сезона бев каталонскиот клуб, си реков себеси дека такво нешто не сум видел.И тоа остана по речиси три децении подоцна. За мене Феномено Роналдо е најдобар. Штета што често повредуваше, таков талент во фудбалот до сега никој немал“ изјави Мурињо.

Инаку треба да се каже дека Жозе во Реал Мадрид соработуваше и со Кристијано Роналдо.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk