logo
logo
logo

ЛН: Шпанија, Португалија и Франција се пласираа во полуфиналето на Лигата на нации

Vecer | 23.03.2025

ЛН: Шпанија, Португалија и Франција се пласираа во полуфиналето на Лигата на нации

Фудбалските репрезентации на Шпанија, Португалија и Франција обезбедија пласман во полуфиналето на Лигата на нации, откако два меча завршија по изведување на пенали, а еден со одлука во дополнителните 30 минути.

Португалците по победата од 3:2 во регуларните 90 минути на мечот со Данска, успеаја да постигнат два гола во дполнителните 30 минути и да го потврдат своето место во полуфиналната фаза. Во регуларниот дел Данска успеваше двапати да израмни, ноп Португалија на крајот дојде до 3:2 и отиде на продолженија. Таму со головите на Тринкао и Рамос, „морепловците“ дојдоа до триумф вреден место меѓу четирите најдобри.

Шпанија по подобро изведување на пенали ја елиминираше Холандија. Како и на првиот дуел во земјата на „лалињата3, така и вечерашниот дуел на „Местаља“ заврши со идентични 2:2. По продолженијата немаше погодоци, па мечот се решаваше на пенали. Ланг и Мален беа трагичари за гостите, додека кај Шпанија само Јамал промаши. Одлучувачкиот пенал го погоди Педри.

Франција исто така на пенали беше подобра од Франција. „Триколорите3 се реваншираа за поразот на првиот меч и вечерва славеа со 2:0 во регуларните 90 минути, благодарение на головите на Олисе и Дембеле.

По продолженијата немаше промени, па решаваа пеналите. Се изведоа дури 7 серии во кои за Франција Кинде и Тео Фернандез беа непрецизни, додека кај Хрватска трагичари беа Батурина, Ивановиќ и Станишиќ.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk