logo
logo
logo

Мурињо: Она што го чувствувам е повеќе од тага

Vecer | 19.03.2021

Мурињо: Она што го чувствувам е повеќе од тага

Жозе Мурињо и неговите момци со наведнати глави го напуштија „Максимир“. Динамо Загреб на премиер-лигашот му одржа вистинска лекција, од тоа како се сака својот тим, до како треба да се бори секој за дресот што го носи.

Тотенхем е елиминиран и тоа со 3-0, а португалскиот стручњак исто како и останатите беше максимално разочаран. Мурињо го прифати поразот, по истиот на кратко влезе во соблекувалната на тимот на Аријан Адеми и Стефан Ристовски да им честита за храбрата игра.

„На теренот имаше еден тим кој одлучи да остави пот, енергија, крв, на крајот на мечот и солзи радосници. Многу се скромни, посветени, морам да ги пофалам. Од друга страна мојот тим, да потенцирам, јас сум дел од нив, не изгледаше како да игра важен натпревар. Од почит кон мојата кариера и работа, за мене секој меч е важен. Верувам дека за секој навивач на Тотенхем е истото, потребен е дру пристап од овој“, се првите зборови на Мурињо по вчерашниот дебкал од Динамо.

Португалскиот стручњак истакна дека неколку пати ги предупредувал своите играчи за вчерашното сценарио.

„Малку е да кажам дека сум тажен. Тоа што го чувствувам е повеќе од тага. Жал ми е за мојот тим што не ги покажа основите на фудбалот. А тоа да ја почитуваме својот работа и да даваме се од себе. На овој начин тие не победија. На полувремето ги предупредив, верувам дека сите играчи сфатија дека се во проблем кога го примивме вториот гол, а мечот отиде во продолжение“.

Го прашаа Мурињо да го спореди својот актуелен тим со оние кои ги водел. Дали е во прашање победничкиот менталитет.

„Мислам дека не треба да очекувате пред камери да го коментирам тоа. Не практикувам да кажам: Ја победив, тие изгубија. Не го сакам тоа чувство. За мене има само едно: Ние победивме, изгубивме, ремизиравме. Разочаран сум поради различниот пристап на двата тима, повторувам мојот тим. Не сакам да кажам ништо повеќе, многу им се извинувам на навивачите“, додаде Мурињо.

ФОТО: https://twitter.com/Spurs_ES

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk