logo
logo
logo

„Мундо Депортиво“: Алаба се договорил со Барселона

Vecer | 10.03.2021

„Мундо Депортиво“: Алаба се договорил со Барселона

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Давид Алаба, постигнал усмен договор со Барселона, тврди „Мундо Депортиво“. Договорот на дефанзивецот истекува на крајот на сезоната и тој веќе објави дека ги напушта Баварците.

Повеќето европски гиганти се заинтересирани за неговиот потпис, но играчот не донесе конечна одлука досега. Отпрвин се чинеше дека Реал Мадрид е фаворит, но според шпанските медиуми, тој не бил импресиониран од предлогот на „кралевите“.

Новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта, најави дека Австриецот  негов приоритет. Уште минатата недела Лапорта се состанал со агентот на фудбалерот Пини Захави, па двете страни си подале рака неделава, откако Лапорта и официјално стана претседател на Барса.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk