logo
logo
logo

Можеби затоа Челзи игра добро: Тухел го укина “ценовникот“ со казни на Лампард!

Vecer | 13.03.2021

Можеби затоа Челзи игра добро: Тухел го укина “ценовникот“ со казни на Лампард!

Френк Лампард беше играчка икона на Челзи, но како тренер и не се прослави којзнае колку. На “Стемфорд Бриџ“ никој не беше задоволен од него, а најмногу играчите. Веројатно и поради строгата казнена политика која ја имаше Лампрад. Прочуениот “ценовник“ со казни на Лапард беше навистина неомилен. За доцнење на тренинг казната беше неверојатни 20.000 фунти.

Новиот тренер, Германецот Томас Тухел прво што направил кога дошол во клубот, односно во соблекувалната наредил да се симне прочуениот ценовник, и дека истиот од тој момент веќе не важи. Се разбира дека клупските правила мора да се почитуваат, дисциплина мора да има, да се знае кој е кој, но вакви “ценовници“ според Тухел не биле потребни.

И сега играчите се задоволни, атмосферата е супер, Челзи победува…

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk