logo
logo
logo

Монца и Лече на пат да „извисат“ за пласман во Серија А

Vecer | 17.05.2021

Монца и Лече на пат да „извисат“ за пласман во Серија А

Екипата на Монца претрпе убедлив пораз на гостувањето кај Читадела во првиот меч од плеј-офот за пласман во италијанската Серија А. Идниот клуб на Лука Станковски се сопна кога беше најпотребно. Изгуби со 3:0 и сега ќе му треба чудо на свој терен за да го надмине овој пораз и да избори пласман во финалето. Монца, клубот на Берлускони и Галијани, немаше идеја за расположениот Балдини кој реализираше хет-трик.

Реваншот е за три дена на теренот на Монца. Интересно е што Монца регуларниот дел од сезоната го заврши на третото место, додека Читадела беше дури шестопласирана.

Во другото полуфинале Лече, за кого игра Бобан Николов, изгуби дома од Венеција со 0:1 со голот на Форте во 47. минута. Така Венеција се најде во пол-позиција за пласман во финалето.

Инаку директен пласман од Серија Б во Серија А направија екипите на Емполи и Салернитана.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk