Ади Хутер останува тренер на француски Монако. Како што објавија од францускиот клуб, новиот договор на австрискиот специјалист е до 2027 година.
Хутер е тренер на Монако од јули 2023 година. Под негово водство, тимот одигра 60 натпревари, победувајќи 35 пати, ремизирајќи 11 пати и има 14 порази.
Монако моментално се наоѓа на третото место на табелата во Лига 1 со сериозни шанси да се бори за пласман и на самиот врв, што значи и место во Лигата на шампионите следната сезона.