logo
logo
logo

Моќни “романтичари“: Работнички со тројка го “ПОЗДРАВИ“ Пелистер! (ВИДЕО)

Vecer | 10.04.2021

Моќни “романтичари“: Работнички со тројка го “ПОЗДРАВИ“ Пелистер! (ВИДЕО)

Силен Работнички, одличен Марио Станковски, Во првиот меч од 26.коло во ПМФЛ, Работнички го победи Пелистер со 3:1, и според шансите таа победа требаше да биде поубедлива. Сепак треба да се знае дека во 72.минута Пелистер преку Танушев шутираше двапати од белата точка, но не успеа да го совлада Јанков. Тука беше крајот на сите надежи на битолчани дека можат нешто да направат на овој меч.

Меч во кој блескаше Марио Станковски, кој постигна еден гол, имапше и асистенција, а ја погоди и пречката на гостите.

Стрелци за Работниички беа Ѓурѓевиќ и Јевтоски, додека за битолчани погоди Кочоски во самиот финиш.

Изненадувачки Пелистер подобро го отвори мечот, во првите 5-6 минути имаше дури три закани и тоа преку Пејаковиќ, Маневски и Гоудиаби, но гол немаше. Како што одминуваше времето работнички се созема, посебно опасен беше од контранападите. Во 7.минута Марио Станковски од десно испрати “бомба“ која заврши во препката на Талески. Шест минути подоцна Марио Станковски уфрли пред голот на гостите, а тука Б. Илиевски спаси чист гол. И тогаш дојдоа головите. Прво во 22.минута браќата Лука и Марио Станковски го искористија киксот на гостинската одбрана, а овој вториот постигна и гол за 1:0 за Работнички. Во 36.минута по асистенцијата на Ристовски, Ѓурѓевиќ зголеми за 2:0, резултат со кој се замина на пауза.

ГОЛ НА ЈЕВТОСКИ, ЈАНКОВ ДВАПАТИ МУ БРАНИ ПЕНАЛ НА ТАНУШЕВ

Се играше 52.минута кога Марио Станковски му “сервираше“ зицер на Ѓурѓевиќ а овој од идеална позиција не успеа да го зголеми водство. Навистина штета за Работнички, за Ѓурѓевиќ.

Но Јевтоски не греши. И тоа во 65.минута по акцијата на Ѓурѓевиќ и М. Станковски, Јевтоски погодува од 10 метри за 3:0.

Во 73.минута интересен случај. Лука Станковски играше со рака, а судијата Гоцевски покажа на белата точка. Танушев шутираше, Јанков одбрани, но Гоцевски го повтори пеналот, и пак Јанков му одбрани на Танушев.

И одново Ѓурѓевиќ сам пред Талески, но не успеа да ја турне топката во празниот гол. Ова е трета идеална шанса за овој фудбалер на овој меч.

И тоа не беше се од овој меч, имено во 90.минута Кочоски успеа да го ублажи поразот за конечни 3:1.

РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 3:1 (2:0)

Национална Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Гледачи:/. Судија. Марјан Гоцевски (Струмица). Стрелци: М. Станковски 22., Ѓурѓевиќ 36., Јевтоски 65. (РАБ), Кочоски 90. (ПЕЛ). Ж.Картони: Кировски, Силјановски, Л. Станковски, Ангелов (РАБ), Д. Илиески, Бошковски (ПЕЛ).

Играч на натпреварот: Марио Станковски (Работнички).

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Кировски, Гроздановски, Ѓорѓевиќ, Јевтоски, Стојков, Силјановски, Ристовски (79. Тодоровски), Л. Станковски (85. Ангелов), М. Станковски (75. Пецов), Ѓурѓевиќ (85. Зука).

ПЕЛИСТЕР: Д. Талески, Б. Илиевски, Танушев, Спиркоски (65. Нето), Маневски (7. Бошковски), Гоудиаби, Кочоски, Пејаковиќ, Р. Илијовски, Драгарски (75. Николоски), Д. Илиески.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=xMfXTQQQxjI[/embed]

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=w_3r64f3Psc[/embed]

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=gJ2u4GeCkQ8[/embed]

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=Vk6g9XKvipA[/embed]

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=TtSoYp2HXc0[/embed]


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk