logo
logo
logo

Митиќ: Иако не сме комплетни, верувам дека можеме и до победа

Vecer | 22.02.2021

Митиќ: Иако не сме комплетни, верувам дека можеме и до победа

Металург пристигна во Виена, каде утре ќе ги одмери силите со Фајверс, тимот против кого го освоија единствениот бод во Европската лига.

И на оваа средба македонскиот претставник ќе биде некомплетен во составот ќе ги нема Хорват, Лазаревски, Тодевски и Маркоски. Ова е нова шанса за помладите, кои пак максимално ја користат секоја минута на теренот.

Еден од нив е Андреј Митиќ, има 21 година, но без проблем го прифати големиот предизвик. Иако не се комплетни, сепак се надева дека Металург може да дојде до прва победа.

„Одигравме нерешено, а ова е добра шанса за нас младите, за сите за прва победа. Не сме комплетни, но се надевам дека ќе пружиме добра игра. И на мечот со Ч. Медведи во Скопје одигравме добро, но поради некои наши грешки во финишот го загубивме така натпреварот.

Што се однесува до мене, јас сум благодарен на Металург и тренерот Димитриоски за шансата што ја добив. Мое е на секој натпревар да го давам максумумот, да се надоградувам и да бидат подобар од натпревар во натпревар. Засега сум задоволен, но целта е да напредувам, а ова е голема шанса и за мене и за другите и за тоа“, изјави Митиќ пред утрешната средба.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk