Нема сомнеж дали Манчестер Јунајтед летово ќе смени „пола тим“. Сите зборуваат за тоа како системот на Аморим треба да донесе поквалитетни играчи, дека многумина се премногу платени и дека нема кој може да испорача се што бара Португалецот.
Каков е планот?
За да се балансира тимот потребно е да се продадат играчи кои се премногу платени, а од четворицата кои се на позајмица може да се заработат околу 110 милиони фунти.
Тоа се Маркус Рашфорд (50 милиони), Џејдон Санчо (30 милиони), Ентони (30 милиони) и Тајрел Маласија (10 милиони).
Од играчите кои моментално се во клубот, клубот најверојатно ќе го напуштат Касемиро, Онана и Гарначо, особено сериозна бројка се очекува од Аргентинецот кој е желба на Наполи и за кого може да се добијат околу 50 милиони фунти.
За Касемиро и Онана има интерес од Саудиска Арабија и нивната цена би можела да изнесува 20 милиони фунти.
Тоа не е се, Коби Мајну е уште еден од играчите кои се под знак прашалник за следната сезона бидејќи има големи барања за плата, па може да дојде до продажба, а Челзи ја следи ситуацијата со ова момче.
Платите на споменатите играчи се доста високи, Рашорд и Касемиро имаат по 325 илјади фунти неделно, Санчо 250 илјади, Ентони и Ериксен на кои им истекува договорот имаат по 150 илјади, додека Онана е на 120 илјади.