logo
logo
logo

ЛЕ: „Лудница на Олд Трафорд“ со хепи-енд за Манчестер Ј., Бодо го шокираше Рим

Vecer | 17.04.2025

ЛЕ: „Лудница на Олд Трафорд“ со хепи-енд за Манчестер Ј., Бодо го шокираше Рим

Натпревар за фудбалските анали се одигра вечерва на „Олд Трафорд“ во реванш четвртфиналето на Лигата на Европа. Откако во регуларниот дел од мечот Манчестер Ј. прокоцка предност од 2:0 и му дозволи на Лион да се врати за 2:2 и да се избори за продолженија, во дополнителните 30 минути присуствувавме на вистина лудница.

По невидена драма, продолженија и два неверојатни пресврти, Јунајтед победи на „Олд Трафорд“ со 5:4 и се пласираше во полуфиналето со вкупнен резултат 7:6. Лион губеше со 2:0, па водеше со 3:4 до 120. минута, а потоа со головите на Коби Мајно и Хари Мегваер, Манчестер Ј. приреди неверојатна радост за своите фанови и обезбеди полуфинале во второто по ранг европско натпреварување.

Продолженијата во Рим не дадоа резултат, па пеналите решаваа за последниот патник во полуфиналето. Лацио во регуларниот дел го победи норвешки Бодо со 2:0 и се избори за продолженија, каде домашните водеа и со 3:0, но Бодо успеа да погоди за 3:1 и да се избори за пенали.

Во пенал-рулетот, иако Бодо промаши уште во првата серија, Лацио си дозволи луксуз да промаши два од првите три пенали и да им даде отворена шанса на Норвежаните за полуфинале. Тие не ја искористија првата можност, откако го промашија последниот пенал, но и Лацио не успеа да се врати во живот откако Кастељанос промаши во последната серија за Лацио и го турна Бодо кон полуфиналето.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk