logo
logo
logo

Миркуловски: Во Скопје бевме перфектни, сакам така да одиграме и во Данска

Vecer | 12.03.2021

Миркуловски: Во Скопје бевме перфектни, сакам така да одиграме и во Данска

Повратникот во националниот тим Филип Миркуловски беше дел од историскиот меч на Македонија во победата над светскиот првак Данска. Оваа победа не само што беше сензационална и даде поттик туку ја однесе Македонија на ново Европско првенство. Следува нов меч со Данска, но сега во гости каде што ќе биде многу потешко. Сигурно Данците се острат за реванш.

Можеби не планиравме да се пласираме на ЕП после мечот со Данска, но сепак се случи тоа чудо, го победивме светскиот и олимписки првак. За мене лично, одамна немам победено првокласна репрезентација , па затоа ми беше многу мило што ја совладавме Данска. Одигравме одлично, тактички бевме добро спремени, сите си ја знаеја својата работа, само треба да продолжиме во овој ритам и со оваа посветеност и да бележиме нови победи“, вели Миркуловски.

Помладите играчи и оние оспоруваните на минатите натпревари сега беа фантастични. Го покажаа вистинското светло. А кога сите се посветени на работата успехот е загарантиран.

Ние сме тука да им помогнеме на помладите, тие во иднина треба да ја преземат лидерската улога: Талевски, Велковски и Кузмановски како бековска тројка. Одиграа зрело, ние им помагавме и се функционираше одлично. Одигравме перфектно, ги затворивме сите приоди, потоа на Данска и беше тешко да фати ритам. Ние го диктиравме темпото и го добивме мечот“, додаде Миркуловски.

Сакам да се покажеме во добро светло и во Данска. Да покажеме одлична игра како и во Скопје, младите да одиграат на високо ниво, па ако ни се пружи шанса зошто да не победиме“, изјави македонскиот репрезентативец.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk