logo
logo
logo

Миркуловски: Чудо кое не смее да остане само добра епизода, продолжуваме за Македонија

Vecer | 11.03.2021

Миркуловски: Чудо кое не смее да остане само добра епизода, продолжуваме за Македонија

Филип Муркуловски по три години пауза се врати во националниот дрес. Ниту тој, ниту Македонија не можеше да посака ваков почеток на едно ново репрезентативно поглавје. Популарниот Жути мечот го заврши со три погодоци, а по триумфот се огласи на „Фејсбук“ профилот.

„Докажавме дека со позитивна енергија и мотивација, квалитетот на младоста измешан со нашето искуство го клекна светскиот шампион на колена. Чудо кое не смее да остане само вечерна добра епизода. Продолжуваме уште по посветено за Македонија“, објави Филип Миркуловски.

Македонија во сабота заминува за Данска, следниот ден во Алборг го игра реванш мечот со актуелниот светски првак.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk