logo
logo
logo

Мирчевски: Истрпевме многу во името на Вардар, верувам во спас на клубот и ќе се бориме до крај

Vecer | 15.04.2021

Мирчевски: Истрпевме многу во името на Вардар, верувам во спас на клубот и ќе се бориме до крај

Судбината ете сакаше Мартин Мирчевски  да влезе што се вели во животна форма токму во дресот на Вардар, кога најтрофејниот наш клуб ги доживува најтешките моменти. Кога се бори за гол прволигашки живот, кога му е најтешко.

Токму во овие моменти офанзивецот постигнува гол на речиси секој меч и заедно со своите соиграчи се бори како лав во дресот на Вардар. И има за што да се бори. Тежок е тој дрес. Вреди многу трофеји, многу титули, многу успеси. Го носеле многумина, но ете во моментов останаа да го бранат неколку голобради момчиња и неколку искусни фудбалери, предводени од Мирчевски кој во моментов има постигнато осум голови сезонава.

„Ќе се бориме до крај. Нема откажување. Вардар сеуште има реални шанси да обезбеди опстанок. Потребна ни е победа, не само поради бодовите, туку и младите играчи во тимот да добијат на самодоверба, да добијат во себе чувство дека можат. Тоа во моментов ни е многу битно“ – вели Мирчевски кој погоди и вчера во ремито против Ренова на домашен терен, 1:1.

„Не ни е лесно. Истрпевме многу во името на Вардар. Затоа и верувам во позитивен расплет, искрено верувам дека Вардар ќе се спаси. Дека и господ што се вели ќе не награди за се ова што во  моментов му се случува на Вардар и на нас како играчи“ – вели Мирчевски за Спортмедиа.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk