logo
logo
logo

Миовски: Мој фаворит е Португалија, Нејмар се враќа на голема врата, а Шпанија има квалитет да оди до крај

Vecer | 08.06.2026

Миовски: Мој фаворит е Португалија, Нејмар се враќа на голема врата, а Шпанија има квалитет да оди до крај

Најновото издание на фудбалскиот Мундијал, најголемиот фудбалски турнир на планетата, започнува в четврток на 11. јуни.

Светот е во искечување на она што следува, а Спортспорт ги прашува дел од нашите репрезентативци кои се нивните фаворити. За кого сметаат дека ќе биде во фокусот на вниманието, кој има најголеми шанси за освојување на планетарниот трофеј.

„Мој фаворит е репрезентацијата на Португалија. Кристијано Роналдо и „компанија“. Некако моите симпатии одсекогаш биле наклонети кон нив. Тоа е мојот состав за овој турнир. Навивам за нив“ – вели Бојан Миовски.

Што се однесува пак до играч кој што евентуално би блеснал на овој турнир, нашиот прв репрезентативен напаѓач има интересен избор.

„Нејмар. Мислам дека искусниот бразилец има што уште да каже на светската фудбалска сцена“ – вели Миовски, за играчот кој што е во зрели играчки години но очигледно според нашиот интернационалец сеуште смета дека има капацитет за големи нешта.

Конечно, според Миовски кој е главниот фаворит за титулата на овој Мундијал?

„Дефинитивно Шпанија. Оваа репрезентација според мене има дефинитивно најквалитетен состав. Полна е со звезди, но одлично вкомпонирани. Дефинитивно мојот избор за фаворит број еден“ – вели Миовски за Спортспорт.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk