logo
logo
logo

Милано по седмипат го освои Купот на Италија

Vecer | 14.02.2021

Милано по седмипат го освои Купот на Италија

Кошаркарите на Олимпија Милано се новите освојувачи на италијанскиот кошаркарски куп. Во финалето вечерва, тие го совлада тимот на Пезаро со 87:59 и го освоија првиот трофеј оваа сезона.

Доминацијата на Милано беше јасна уште од почетокот на мечот, па се чини дека Пезаро беше без шанси за каков било успех во ова финале. Тимот на Јасмин Репеша пружи мал отпор во првата четвртина и тоа беше главно се што направија кошаркарите на Пезаро во ова финале. Во продолжение тимот од Милано ја демонстрираше својата сила.

Датоме со 15 и Пантер со 13 поени беа најефикасни кај Миално, додека Каин постигна 15 поени за Пезаро. За Олимпија Милано ова беше првиот куп трофеј по пауза од четири години, кога последен пат го освоија куп пехарот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk