logo
logo
logo

Милан втора сезона ќе остане без ниту еден освоен трофеј

Vecer | 23.04.2024

Милан втора сезона ќе остане без ниту еден освоен трофеј

Милан втора сезона по ред ќе заврши без освоен трофеј. Победата на Интер во миланското дерби (2:1) во 33. коло од италијанскиот шампионат му ја донесе на градскиот ривал шампионската титула во Серија А, а Милан е на 2. место на табелата.

Згора на тоа, тимот предводен од Стефано Пиоли претходно беше елиминиран од Купот на Италија (пораз од Аталанта во четвртфиналето) и Лигата на Европа (пораз од Рома во четвртфиналето).

Милан својата последна титула ја освои во сезоната 2021/22.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk