logo
logo
logo

Милан со само 19 фудбалери против Манчестер Јунајтед

Vecer | 10.03.2021

Милан со само 19 фудбалери против Манчестер Јунајтед

Утре во рамките на осминафиналето на Лига Европа ќе се соочат Манчестер Јунајтед и Милан и тоа на „Олд Трафорд“. Тренерот на „Росонерите“ има големи проблеми пред мечот затоа што ќе може да смета само на 19 фудбалери. Вон составот се повредените: Хакан Чаланоглу, Марио Манџукиќ, Анте Ребиќ, Исмаил Бенасер и Златан Ибрахимовиќ, како и Тео Ернандес кој има стомачни проблеми.

Постои шанса левиот бек, турскиот интернационалец и двајцата Хрвати да бидат спремни за мечот со Наполи во Серија А, но заздравувањето на Бенасер и Ибрахимовиќ ќе трае подолго.
Поради недостиг на напаѓачи (само Леао е спремен), Пиоли во нападот го повика 20-годишниот Рикардо Тонин, кој се уште не дебитирал за сениорскиот тим.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk