logo
logo
logo

Милан подготви цел пакет за да го добие Де Пол од Удинезе

Vecer | 01.05.2021

Милан подготви цел пакет за да го добие Де Пол од Удинезе

Милан ќе понуди готовина плус Јенс Петер Хауге за да го добие првиот стрелец на Удинезе, Родриго Де Пол. Весникот „Газета дело Спорт“, вели дека пакетот кој го подготви Милан за Аргентинецот, сигурно ќе ги заинтригира првите луѓе на Удинезе и играчот, особено ако Милан се квалификуваа во Лигата на шампионите.

Удинезе прифати дека времето на Де Пол на „Дачија Арена“ најверојатно е завршено и бара 40 милиони евра за негова слобода. Лидс Јунајтед останува силен кандидат за неговиот потпис, а во игра се и Интер и Јувентус.

Сега Милан се појавува како фаворит со вклучувањето на Хауге како дел од договорот за намалување на цената на операцијата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk