logo
logo
logo

Милан го посрамоти Торино, Интер, Јуве и Аталанта сигурни, Џенова и Пандев го потврдија опстанокот (ВИДЕО)

Vecer | 12.05.2021

Милан го посрамоти Торино, Интер, Јуве и Аталанта сигурни, Џенова и Пандев го потврдија опстанокот (ВИДЕО)

Ама баш ништо не се промени на врвот на табелата во италијанската Серија А по 36. коло во кое фаворитите за место во Лигата на шампионите успеаја да победат и да си ги задржат позициите на две кола пред крајот на сезоната.

Милан беше преубедлив на гостувањето кај Торино и го демолираше со 7:0. Анте Ребиќ и Тео Хернандез постигнаа по два гола за „росонерите“, по еднаш погодија и Круниќ, Кеси и Брахим Диаз.

Аталанта го задржа второто место на табелата по солидните 90 минути со Беневенто и сигурната победа од 2:0. Мурињл и Пашалиќ ја обезбедија 22. сезонска победа за момците на Гасперини.

Интер кој веќе ја освои титулата нанижа уште една победа. Во Милано падна Рома во меч во кој Интер за 10 минути во првиот дел постигна два гола. Брозовиќ и Весино најавија нова победа, по што Рома намали со голот на Мхитарјан. Лукаку го затвори мечот со голот во 90. минута за 3:1.

Јувентус кој се уште останува надвор од ТОП 4, славеше кај Сасуоло со 3:1.

Пандев и Џенова добија уште една важна битка за опстанок. На гостувањето кај Болоња, џеновјаните славеа со 2:0, а Пандев одигра 69. минути пред да биде заменет.

ИТАЛИЈА – СЕРИЈА А – 36. КОЛО

Интер – Рома 3:1

Торино – Милан 0:7

Сасуоло – Јувентус 1:3

Сампдорија – Специја 2:2

Аталанта – Беневенто 2:0

Болоња – Џенова 0:2

Лацио – Парма 1:0

Калјари – Фиорентина 0:0

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk