logo
logo
logo

Мијатовиќ му порача на Азар: Да не заборави дека го плаќа Реал

Vecer | 22.05.2021

Мијатовиќ му порача на Азар: Да не заборави дека го плаќа Реал

Предраг Мијатовиќ во интервју за „El Larguero“ го коментираше финишот на сезоната во Ла Лига, но и многу други теми.

Некогашниот фудбалер на Реал Мадрид зборуваше за случувањата во клубот, но имаше што да каже за Еден Азар, кој се покажа како промашување.

„Вознемирувачки е дека не сака да игра натпревари кои ја одлучуваат цела сезона. Тој и натаму мисли дека ЕУРО со Белгија е поважно од Ла Лига. Да не заборави дека зема пари од Реал Мадрид“, рече Мијатовиќ.

Не е Азар единствениот проблем на Реал. Зад мадридскиот тим е турбулетна сезона која би можела да заврши со заминување на Зинедин Зидан.

„Зодан направи добра работа, кој и да дојде на негово место ќе има тешка задача, но јас би сакал да остане и следнатас езона да го гледаме на клупата на Реал. Не очекував дека Реал на крајот на сезоната ќе биде вака добар. Мадристите можат да бидат среќни, во секој случај ова е добра сезона“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk