Интер Мајами во чии редови игра големата светска фудбалска ѕвезда, Лионел Меси, ќе игра на отворањето на Светското клупско првенство следното лето и тоа против Ал Ахли од Египет во воведниот натпревар.
На отворањето на 15 јуни Интер Мајами на Меси и Ал Ахли од Каиро ќе се сретнат на стадионот Хард Рок во Мајами, каде се очекува огромен интерес за премиерата на шампионатот.
Турнирот за првпат ќе се одржи во нов формат сп 32 клуба поделени во 8 групи.