logo
logo
logo

„Меси веќе има донесено одлука“

Vecer | 16.04.2021

„Меси веќе има донесено одлука“

Некогашниот голман и спортски директор на Барселона,  Андони Зубизарета, смета дека Лионел Меси веќе донел одлука за својата кариера.

Аргентинецот овој викенд го чека финалето во Купот на Кралот, а Зубизарета смета дека конечниот исход на овој меч нема да влија на конечната одлука.

„Меси заслужи да размисли и да одлучи. Претседателот Лапорта ќе стои се за да го задржи. Доколку остане ќе биде одлично, ако не ќе продолжиме да играме. Мислам дека Меси има донесено одлука во својата глава. Тој е ветерен, сите сме имале денови кога сме сакале да ставиме крај на кариерата.

Тоа ми се случи мене по поразот од Милан во Атина од 4-0, но 24 часа подоцна мојата сопруга ми рече да продолжам. Меси е фудбалер, не е маркетиншки производ“, изјави легендарниот голман.

Меси целата својата кариера ја мина во Барселона, но дали ќе остане ќе биде познато наскоро.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk